Албанското парламентарно мнозинство се откажа од барањето за разрешување на претседателот Илир Мета,кого го обвинуваа за кршење на неговите уставни надлжности.
Според извештајот на Социјалистичката партија, презентиран денеска пред Анкетната комисија за контрола на законитоста на постапките на претседателот на Републиката, прекршувањата не се доволни за негово разрешување.
Наспроти претставници на владекачката Социјалистичка партија(СП),членовите на комисијата од парламентарната опозиција не согласувајќи се со овој став, ја напуштија седница, оценувајќи дека овој став на СП е „игра меѓу владејачкото мнозинство и Претседателот”.
-Ќе подготвиме наш извештај,паралелено со оној на СП и на седница на парлементот ќе одиме со два извештаи и ќе го претставиме нашиот став како парламентарна опозиција, рече Халит Валтери.
Пратеничката на СП, Клотилда Бушка рече дека евидентираните прекршувања од страна на претседателот диктираат законски измени и додаде дека потребни се мерки за правно регулирање.
Парламентарното мнозинство, во што беше поддржано и од дел на опозициските пратеници, по барање на СП формира Анкетна комисија за смена на Мета, откако тој ја поништи уредбата со која локалните избори ги закажа за 30 јуни, па ги презакажа за 13 октомври. Сепак локланите избори се одржаа на 30 јуни на кои учествуваше само коалицијата предводена од СП а опозицијата ги бојкотираше, па од 61 нов градоначалник дури 60 се од СП.
Претходно и Венецијснакста комисија достави мислење дека Мета не направил големи прекршувања за да биде разрешен.
Мета пак и пред Анкетната комисија и пред Венецијанската комисија рече дека тој тоа го направил за да спречи „големи крвави нереди,што се подготвувале а за што добил информации од тајните служби”.
Исто така им порача на оние кои сакаат да го разрешат дека како претседател ќе остане во одбрана на албанскиот Устав, се додека не заврши неговиот петгодишен мандат.
„Институцијата претседател до 24 јули 2022 година ќе биде цврст столб на одбрана на Уставот, демократијата, плурализмот, националниот и јавен интерес, со единствена цел, а тоа е брзо зачленување на Албанија во Европската Унија,порача Мета.
Парламентот го избира претседателот на Албанија со двотертинско мнозинство од вкупно 140 пратеници. Мета беше избран во јуни 2017 година.