Се поставува монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија

Почна поставувањето на контејнерите за монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел на Клиниката за пулмологија и алергологија на просторот помеѓу Институтот за патофизиологија и Институтот за ТБЦ.

Како што информира Министерството за здравство, монтажата треба да заврши до 30 јули, а кон средината на наредниот месец објектот целосно да биде подготвен за работа.

-Во монтажно-модуларниот амбулантско поликлинички оддел ќе бидат лоцирани четири амбуланти и кабинети за спирометрија, за дифузија и бодиплетизмографија, за бронхијална провокација, за гасни анализи во крвта, за алерголошки тестирања и за ЕКГ, како и две засебни простории за дневни болници за сместување амбулантските пациенти, соопшти Министерството за здравство.

Треба да знаете
Последни објави