Забрзано ширење на Ковид-19 во француска Бретања

Стапката на репродукција на новиот коронавирус нагло се зголеми за помалку од една недела во Бретања, Франција, регион популарен кај туристите, покажуваат владините бројки. Тоа се толкува како нов показател за јакнење на коронавирусот во Франција.

Владата вчера ги забрза плановите да воведе здолжително носење маски на затворени јавни места, како резултат на зголемување на нови инфекции со Ковид-19, особено во области во западна и јужна Франција, што беа релативно поштедени во пикот на епидемијата во земјата меѓу март и мај.

Стапката на репродукција на новиот коронавирус, позната како R0, се зголеми во регионот Бретања од 0,92 до 2,62 помеѓу 10 и 14 јули, покажуваат податоците објавени денеска.

Таа стапка е еден од неколкуте индикатори со кои властите одлучуваат дали да ги вратат построгите ограничувања откако државата повторно почна да се отвора во мај.

Стапката на репродукција на вирус од 2,62 значи дека секое заразено лице инфицира во просек од две или три лица. За постепена контрола на болеста, стапката треба да биде под 1.

– Тоа е загрижувачки број затоа што значи дека епидемијата се шири повторно, рече Ерик Камес, специјалист за заразни болести, за ТВ БМФ.

Ковид-19 уби над 30.000 луѓе во Франција. Иако земјата има помал број на смртни случаи и се помалку луѓе на интензивна нега, дневниот број на нови инфекции почна да расте пред сезоната на летни одмори

Треба да знаете
Последни објави