До ноември 1800 починати во Македонија, доколку продолжи олеснувањето на мерките

Три можни сценарија предвиде Институтот за здравствени мерења и проценки од Универзитетот Вашингтон во Сиетл, а во врска со бројот на жртвите во Македонија од Ковид 19.

Истражувањето се темели исклучиво на досегашните бројки и рестриктивните мерки кои се на сила, а трите сценарија се проекции доколку продолжи олеснувањето, доколку останат на сила сегашните мерки и доколку повторно се воведат некои од рестриктивните мерки кои беа на сила.

Според сценариото кое се предвидува според тековните мерки и предвидува затегнување дури од 1 септември, заклучно со 1 ноември во Македонија би имало 1.629 жртви.

Најцрното сценарио е дека на 1 ноември официјалната бројка на починати ќе биде 1.805 лица, но само доколку продолжи олеснувањето на мерките и се укинат сите рестрикции како што се дистанцата, заштитните маски и групирањето.

Според третото сценарио на американските експерти, со повторно воведување на дел од рестрикциите и воведување на задолжително носење на маски на отворено бројките рапидно паѓаат, а црниот биланс е речиси тројно помал, односно до 1 ноември би имале 752 жртви.

Во најлошото сценарио односно укинување на сите мерки, бројката на смртни случаи дневно ќе почне да се зголемува од 1 септември и веќе во октомври би била 14 луѓе додека во ноември би била над 30.

Со воведување на дел од мерките и пред се заштитни маски на јавен простор, бројките пааѓаат  и од 6 жртви на ден во август се намалуваат на 3 во ноември.

Од почетокот на пандемијата, заклучно со вчера, бројот на починати од Ковид-19 се искачи на 406.

Треба да знаете
Последни објави