Протести против владата и генералниот обвинител се одржуваат во Софија и другите градови низ Бугарија, веќе десети ден по ред, и покрај дождот и студеното време.
Borissov,the rain will not stop us!
A General National Strike is announced on Monday 20 th of July!#BorissovResignNow#BorissovGoInPeace pic.twitter.com/yk7iN6lft3— Atanas Spasov (@I_atanas_spasov) July 18, 2020
Учесниците на протестот денeска повторно побараа оставка на владата и на генералниот обвинител и распуштање на парламентот, пренесува БТА.
Началникот на полицијата во Софија, Радослав Стојнев соопшти дена за време на протестите во петокот биле задржани седум лица во притвор. Тој додаде дека нема нарушувања на јавниот ред и дека за време на протестот во петокот не биле забележани групи на провокатори.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов во средата побара од министрите за финансии, економија и за внатрешни работи да си дадат оставки поради протестите што се одржуваат низ целата земја против корупцијата.