На бината во винаријата Камник, посетителите на овогодинешното издание на Skopje Unplugged имаа уникатна можност да чујат едни од најголемите македонски музички изведувачи во специјално прилагоден акустичен сет. Во петокот почнувајќи во 7:07 часот попладне, на самото зајдисонце, честа да го отвори фестивалот ја имаше Сара Мејс, со изведба на нејзините најголеми хитови.
Веднаш по настапот на Сара Мејс, приустните се забавуваа со „Везилка“, „Милице“ на групата Фолтин, во уникатен акустичен стил.
За крај на концертот, свој настап имаше Тамара Тодевска со својот бенд и акустична изведба на дел од песните кои ја одбележаа нејзината богата кариера.
Почитувајќи ги сите препораки на надлежните институции за заштита од коронавирусот, како и одлуката на Владата на РСМ за одржување концерти и настани на отворено, Skopje Unplugged 2020 покажа дека е возможно музиката да не сплоти и да не поврзе дури и во услови на запазена физичка дистанца.
На овогодинешното издание на Skopje Unplugged фокусот беше целосно ставен на македонски изведувачи, на кои им е потребна огромна поддршка во овие неизвесни времиња.
Фестивалот Skopje Unplugged е во организација на ЈУ Универзална сала, под покровителство на Град Скопје и со поддршка на винаријата Камник.