Германската канцеларка Ангела Меркер изјави денеска дека постои можност лидерите на Европската унија да не постигнат договор за пакетот за опоравување на ЕУ, што вклучува седумгодишен заеднички буџет и фонд за обнова од последиците од кризата со Ковид-19
– Има многу добра волја, но исто така и многу ставови. Јас ќе ги вложат сите напори, но постои можност да не се постигне резултат, рече Меркел.
Лидерите на 27 земји-членки на ЕУ, веќе трет ден по ред, преговараат за новиот буџет на Унијата, кој треба да обезбеди, во еден дел, неповратна помош на земјите-членки за санација на последиците врз економиите предизвикани од вирусот Ковид-19, а друг дел во форма на кредити.