Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи во интервју за грчкиот весник „Етнос“ објавено денеска вели дека партијата од која доаѓа ДУИ ќе добие мандат да формира влада пренесува Фактор.мк.
– Во секој случај, резултатот од изборите покажува дека ние ќе утврдиме кој ќе влезе во нашата влада, а не некој друг. Затоа, проценувам дека ДУИ ќе добие мандат да формира влада и ние ќе одлучиме која партија на Северна Македонија ќе учествува во нашата коалиција – вели Османи.
Османи, како што наведува весникот, смета дека позицијата на СДСМ и неговиот лидер Зоран Заев ќе се промени по конечните изборни резултати.
Осврнувајќи се на приоритетите на новата влада, Османи истакна дека е многу важно да се продолжи со процесот на пристапните преговори со ЕУ.
– Следната влада ќе биде влада со преговори со Брисел и затоа е важно од една страна да се формира многу функционална , ефективна и поддржувачка влада, која служи за оваа цел, а од друга страна влада која ќе има капацитет да ги спроведе сите потребни реформи дома. И ние сакаме да го започнеме овој процес што е можно поскоро со ЕУ – вели Османи.
Тој го дава и своето мислење за други актуелни состојби во земјава.