Компанијата Samsung Electronics ја претстави најновата генерација на револуционерните паметните телефони на преклоп: Galaxy Z Flip4 и Galaxy Z Fold4. Двата уреди се одликуваат со прилагодлив хардверски дизајн, карактеристики прилагодени на личните потреби и унапредени перформанси. Четвртата генерација на серијата Galaxy Z продолжува да ги руши конвенциите и нуди нови, моќни интеракции кои го унапредуваат секојдневниот живот.
„Samsung Galaxy телефоните на преклоп се развиени на темелите на нашата филозофија на отвореност и пружаат нови можности на комплетно прилагодување одвнатре и однадвор. Настанати во соработка со нашите светски познати партнери, овие нови уреди на преклоп нудат неприкосновено мобилно искуство кое ги задоволува потребите на најдинамичните корисници“, изјави Д-р ТМ Рох, претседател и раководител на одделението за мобилно искуство (MX) во компанијата Samsung Electronics. „Благодарение на нашите непрекинати напори и лидерство, популарноста на уредите на преклоп продолжува да расте. Оваа категорија со успех ја трансформиравме од пионерски проект во линија на уреди за широка употреба меѓу милионски корисници ширум светот.“
Како доказ за посветеноста на Samsung на супериорна изработка, секоја дизајнерска компонента на двата модели е темелно анализирана за да се обезбеди вистинско приспособливо искуство, така што секој корисник има уред кој одговара на неговите потреби. Galaxy Z Flip4 се надоврзува на успехот на легендарниот хардверски дизајн на Samsung со додавање на клучни карактеристики како што се подобрено искуство со камерата, поголема батерија и зголемени опции за прилагодување, заедно со познатиот ултра компактен дизајн. Galaxy Z Fold4 создава нови можности за корисникот обезбедувајќи сеопфатно искуство со паметен телефон благодарение на неговиот дизајн што ја менува формата, извонредните дисплеи и функциите за мултитаскинг слични на компјутер, покрај напредната технологија за камера и моќните мобилни процесори.
Galaxy Z Flip4, совршен уред за лично изразување
Galaxy Z Flip4 ги унапредува омилените функции меѓу Samsung корисниците, што го прави совршен уред за лично изразување. Неговиот компактен дизајн во облик на школка нуди единстевно искуство кое не е достапно кај ниеден друг паметен телефон.
Правете видео снимки без користење на рацете или групни селфија под различни агли така што делумно ќе го преклопите Z Flip4 за да ја активирате FlexCam камерата. Овие функции достапни дури и кај омилените апликации. Благодарение на партнерството на Samsung со компанијата Meta, FlexCam е оптимизирана за најпопуларните друштвени мрежи, вклучувајќи ги Instagram, WhatsApp и Facebook. Со Galaxy Z Flip4 сега можете да правите квалитетни селфија директно од надворешниот екран со користење на главната камера со унапредена Quick Shot функција. Почнете снимање видео со функцијата Quick Shot, а потоа прејдете на Flex функцијата како би продолжиле да снимате без користење на рацете, при што видеото не се прекинува – што е идеално за автори на содржина и влогери. Корисниците сега можат да прават селфија во портрет формат и да ги прегледаат фоFтографиите во реална домензија кога користат Quick Shot. Со унапредената камера која е опремена со 65% појак сензор кој функционира на работната платформа Snapdragon 8+ Gen 1, фотографиите и видео снимките се поостри и постабилни – и дење и ноќе.
Z Flip4 е направен така што навистина се користи без употреба на раце – да се направат повеќе работи без отклопување на телефонот. Јавувајте се, одговорајте на пораки, отклучете го вашиот автомобил па дури и контролирајте го SmartThings Scene виџетот, се од надворешниот екран.
Galaxy Z Flip4 може да снима, емитува и поврзува подолго време измеѓу две полнења со напредената 3,700mAh батерија. Со супербрзото полнење кое сега е достапно кај моделот Z Flip4, се полни дури 50% за околу 30 минути, со цел корисниците да останат поврзани и кога батеријата е при крај.
Со потенка шарка, исправени рабови, контрастно матирано стакло на задната страна и сјајни метални рамки, ова е најпрефинетиот дизајн на Samsung досега. Корисниците можат целосно да го приспособат Z Flip4 со Galaxy Themes и на надворешниот и на почетниот екран за да го надополнат нивниот стил со прилагодени фонтови, икони и дизајни. Дополнително, корисниците можат да креираат свој надворешен дисплеј благодарение на новите дизајни на часовници и позадини во различни формати како што се слики, GIF, па дури и видео.
Galaxy Z Fold4, уред за објавување повеќе работи истовремено со совршени перформанси
Galaxy Fold4 е резултат на постојани иновации во областа на паметните телефони Samsung Galaxy и нашиот најмоќен паметен телефон досега. Тој ја комбинира Samsung експертизата во мобилната технологија и претставува уред со зголемена функционалност, без разлика дали е отворен, затворен или во Flex режим. Исто така, ова е првиот уред со Android 12L, специјална верзија на Android која Google ја има креирано за големи екрани, вклучувајќи и уредите на преклоп.
Мултитаскингот со Z Fold4 е полесен од било кога, така што корисниците можат да работат повеќе дури и кога се во движење. Новиот таскбар прикажува распоред сличен на оној на компјутерите и нуди пристап до вашите омилени и неодамна користени апликации. Мултитаскингот исто така е попрегледен благодарејќи на новите гестови за лизгање. Можете веднаш да се префрлите од апликации на цел екран на повеќе прозорчиња или да го поделите екранот на пола со цел полесно да извршувате повеќе работи истовремено.
Партнерствата на Samsung со компаниите Google и Microsoft го подигаат скалилото кога станува збор за извршување на повеќе работи истовремено. Google апликациите, вклучувајќи ги Chrome и Gmail, сега ја поддржуваат Повлечи-и-Пушти функцијата, што на корисниците им овозможува брзо да копираат и пресликуваат линкови, фотографии и друго, од една апликација во друга. Со Google Meet, корисниците сега можат да се поврзат со повеќе луѓе додека уживаат во заеднички виртуелни активности, вклучувајќи заедничко гледање видеа на YouTube или играње видео игри преку видео повик. Комплетниот Office пакет и Outlook на Microsoft ги користат предностите на дисплејот на преклоп и пружаат повеќе информации на екранот и побрзи начини на интеракција со содржината. Мултитаскинг искуството е комплетирано со S Pen пенкалото, кое овозможува цртање во движење и фаќање белешки со поедноставено складирање во стоечки поклопец со футрола за пенкало.
Galaxy Z Fold4 прави феноменални фотографии и видео снимки со унапредениот широк објектив од 50MP и 30х SpaceZoom објектив. Разните режими на работа на камерата, вклучувајќи поголема мапа на зумирање активирана во режимот Capture View, двоен преглед и до селфи и од задната камера се посебно направена со цел да се искористи единствениот хардверски дизајн за поголема флексибилност на користење на камерата. Исто така, со поголемиот број на пиксели, 23% појакиот сензор и унапредената моќ на преработка, корисниците можат да прават јасни слики дури и ноќе.
Содржината е сeопфатна и поизразита на 7,6-инчниот главен екран со поголемо ниво на светлост, поприлагодлива стапка на освежување од 120Hz и помалку видлива камера под дисплејот (UDC) која се одликува со нов пораспрскан распоред на подпиксели. Популарните апликации на друштвени мрежи како што е Facebook, се оптимизирани за искуство на голем екран со цел повеќе да се ужива во содржината. Исто така, можете да ја отворите апликацијата на вашиот омилен стриминг сервис за забава како што е Netflix и да гледате содржина без прекин со новиот Flex Mode Touchpad, кој нуди прецизност при запирање, премотување или емитување на видеа или зумирање на содржината додека уредот е во Flex режим.
Играњето игри е побрзо благодарејќи на моќната мобилна платформа Snapdragon 8+ Gen 1 и хипербрзата 5G мрежа. Со потенка шарка, помала тежина и уште потесна рамка, широкиот екран овозможува полесни интеракции со едната рака при користење на надворешниот екран.
Samsung го продолжува својот пат на иновации кои ги рушат сите бариери и нуди степен на издржливост кој корисниците го очекуваат, и однадвор и одвнатре. Со засилени алуминиумски шарки и капаци и ексклузивни Corning® Gorilla® Glass Victus®+ на екранот на капакот и задното стакло, Z Flip4 и Z Fold4 се најцврстите телефони на преклоп на Samsung досега. Издржливоста на главниот панел на екранот е исто така подобрена благодарение на оптимизираната структура на слоеви, која помага да се намали штетата предизвикана од надворешно влијание. Дополнително, и Z Flip4 и Z Fold4 се опремени со IPX8 водоотпорност, така што корисниците не мора да се грижат дали ќе бидат фатени во дожд.
Galaxy Buds2 Pro, супериорен дизајн со совршено искуство за слушање
На серијата Galaxy Z и се придружуваат и Galaxy Buds2 Pro – новите супериорни Samsung слушалки кои го пружаат најимпресивното безжично аудио искуство со нов, компактен дизајн и беспрекорно поврзување кое е идеално за секој аспект од животот.
Уживајте во вашата музика со супериорното Hi-Fi 24bit Audio, кое нуди исклучителен динамички опсег за да се чувствувате поврзани со содржината што ја слушате со кристално чиста резолуција. Со новиот Samsung seamless codec (SSC Hifi) квалитетната музика се слуша без задоцнување, а новите коаксијални двосмерни слушалки прават звукот да биде појасен од било кога. Новиот компактен, ергономичен дизајн е 15% помал, со цврсто вклопување дизајнирано со цел да се избегне вадење, што го прави совршен придружник за физичка активност. Прифатете ги повиците во движење со моќниот ANC за да го елиминирате шумот. Новите слушалки Galaxy Buds2 Pro им овозможуваат на корисниците да избегаат во својот свет и во исто време да останат поврзани со секојдневниот живот.
Кога треба да остварите итен телефонски повик додека уживате во игра или гледате филм на таблетот, Buds2 Pro може беспрекорно да се префрли на аудио конекцијата на вашиот телефон само со допирање на прстот. Слушалките Buds2 Pro сега имаат Auto Switch, што овозможува лесна транзиција од вашето омилено ТВ шоу на телефонски повик. Во случај да ги изгубите слушалките за време на патувањето до работа, Smart Things Find сега го прави нивното лоцирање полесно и побрзо, без разлика дали се спакувани во или надвор од куќиштето.
Нарачајте пред сите!
Galaxy Buds2 Pro ќе бидат достапни во Северна Македонија по препорачана цена од 12.999 денари, а доколку ги купите слушалките во промотивниот период од 10.08.2022 до 25.08.2022 ќе добиете на поклон безжичен полнач EP-P2400BBEGEU во вредност од 2.499 денари.
Промоција ќе заврши и пред наведениот рок доколку дојде до исцрпување на залихите на уредот кои се предвидени за оваа промоција. За купувачот да оствари право на учество на промоцијата во прашање и на подарокот од предметната промоција, треба да се исполнат следниве услови:
Купувачот да купи Уред за време на промотивниот период; Уредот да е купен за време на промотивниот период исклучиво кај некој од продажните партнери на Samsung на територија на Република Северна Македонија; Уредот да го купил краен корисник на Уредот (крајни корисници се физички и правни лица на територија на Република Северна Македонија кои го купиле Уредот за сопствените потреби, а не за понатамошна препродажба или дистрибуција); Да изврши регистрација на Уредот на страницата https://www.samsung.com/mk/. Регистрацијата на наведената страница неопходно е да се изврши најдоцна до 20 Септември 2022.
Повеќе информации може да најдете на: https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-buds2pro
Galaxy за планетата
Од лансирањето на серијата Galaxy S22, Samsung воведува рециклирани материјали не само во пакувањето, туку и во хардверот на новите производи. Ова се првите чекори во иницијативата Galaxy за планетата, која вклучува тековно вклучување на рециклирана пластика и создавање нови материјали со водечките партнери за одржливост. Додека продолжуваат да иновираат во одржливото производство, тие со гордост велат дека повеќе од 90 проценти од новите слушалки Galaxy Buds2 Pro се направени од рециклирани материјали. Новата серија Galaxy Z вклучува и пластика која инаку би завршила во морето, во клучните компоненти и 100 проценти рециклирана хартија за пакување. Тие, исто така, го намалија обемот на пакувањето за дури 58 проценти во споредба со првата генерација на уреди на преклопување Galaxy. Ова е еквивалентно на елиминирање на околу 10.000 тони емисии на јаглерод од транспортот оваа година.
Достапност
Galaxy Z Flip4 го дополнува стилот на корисникот со својот врвен дизајн во добро познатите бои: светло виолетова и графитна, како и новите бои: розово-златна и сина.
Galaxy Z Fold4 и држач со футрола за пенкало се достапни во префинети бои вклучувајќи сиво-зелена, беж и фантомска црна.
Galaxy Buds2 Pro доаѓа во сосема нови меки нијанси кои совршено се совпаѓаат со дизајнот на новиот телефон Z Flip4: графитна, бела и светловиолетова.
Galaxy Z Flip4 и Z Fold4 и Buds2 Pro ќе бидат достапни за нарачување во одредени земји од 10-ти август, а ќе бидат достапни на одредени пазари од 26-ти август. Корисниците кои однапред нарачуваат Galaxy Z Flip4 или Galaxy Z Fold4 добиваат уште една година Samsung Care+, за заштита од паѓање или скршени екрани со поддршка од експерти на Samsung во 51 земја. Повеќе информации може да најдете на Samsung.com
Нарачајте пред сите!
Уредите од новата серија Galaxy Z се достапни во Северна Македонија по препорачаната цена Z Fold4 од 107.999 денари и Galaxy Z Flip4 од 64.999 денари.
Искористете го попустот во промотивниот период кој трае од 10.08.2022 до 25.08.2022 во кој добивате 12.000 денари попуст за Galaxy Z Fold4 и 9.000 денари за Galaxy Z Flip4. Со оваа промоцја добивата можност и за откупување на стариот телефон. Исто така, корисниците остваруваат право на осигурување на екранот (осигурување за внатрешниот екран на уредот кое покрива една штета настаната во рок од една година од купувањето на уредот со учество во штетата).
Промоција ќе заврши и пред наведениот рок доколку дојде до исцрпување на залихите на Уредот кои се предвидени за оваа.
Покрај споменатите попусти за купување на уредите, купувачите на уредите можат да добијат дополнителен бенефит во форма на можност за откуп на својот стар мобилен телефон, со плаќање на проценетата куповна вредност на нивниот стар мобилен телефон, како и дополнителен бенефит од осигурување за внатрешниот екран на купениот уред, што покрива една штета предизвикана на внатрешниот екран на уредот во првата година од моментот на купување на новиот уред, со претходна регистрација.
За повеќе информации за Galaxy Z Flip4 и Z Fold4, посетете ги www.samsungmobilepress.com, news.samsung.com/global или https://www.samsung.com/mk/offer/preorder-galaxy-z-fold4-z-flip4