Карачиќ е најплатениот ракометар од редовите на Вардар во изминатата декада

Најплатениот играч во редовите на двократниот европски машки ракометен првак Вардар кој го крена победничкиот пехар во 2017 и 2019 година е Игор Карачиќ. Листата со најплатените ракометари за елитните екипи деновиве ја објавува You Tube каналот Handball TV.

Според овој канал опфанени се ракометарите за периодот од 2010 до 2020 година.

Игор Карачиќ со 15.500 евра месечна плата бил најскапиот ракометар во изминатат декада кој ги бранел боите на Вардар, додека веднаш зад него со по 15.000 евра месечна плата се Тимур Дибиров и Даинис Криштопанс. Легендарниот голман Арпад Штербик заработувал 14.800 евра, а Лука Циндриќ имал плата од 12.500 евра. Четворица ракометари добивале по 10.000 евра месечно.

https://youtu.be/RkB2yKN5ego

Треба да знаете
Последни објави