Белорусија првпат по 12 години назначи амбасадор во САД

Првпат по 12-годишна пауза белорускиот претседател Александар Лукашенко именува амбасадор во САД, а тоа е заменик министерот за надворешни работи Олег Кравченко.

Во периодот 2007-2008 година Кравченко бил советник во амбасадата на Белорусија во САД, од 2008 до 2014 година бил вршител на должност амбасадор во САД, а од 2017 година бил началник на одделот за САД и Канада при белоруското Министерство за надворешни работи.

Белорусија и САД се договорија оваа година да изпратат свои амбасадори. Како евентуален кандидат за американски амбасадор во Минск беше посочено името на заменик помошникот на државниот секретар за европски и евроазиски прашања Џули Фишер. Претходно таа ја вршеше функцијата заменик претставник на Вашингтон во НАТО. Фишер работела и во амбасадите на САД во Грузија, Украина и Русија.

Од 2008 година досега немало американски амбасадор во Белорусија. Белоруските власти одлучија да го повикаат на консултации својот претставник во Вашингтон по воведените санкции врз земјата. Американскиот амбасадор исто така неодамна го напушти Минск. Истовремено, дипломатскиот персонал на американската амбасада во Белорусија е намален од 35 на пет лица. Мисиите на двете земји беа предводени од вршители на должност.

Треба да знаете
Последни објави