Грците се незадоволни од реакцијата на ЕУ за Аја Софија

Мнозинството Грци изразија незадоволство од меѓународниот одговор на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган кој најави дека ќе ја претвори Аја Софија во џамија.

Анкетата, објавена од солунската телевизија „Вергина“, покажува дека 87 отсто од Грците се разочарани од реакцијата на Европската Унија кон потегот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да ја претвори Аја Софија во џамија.

Мнозинството, 53 отсто, исто така смета дека грчката влада треба да стори повеќе за ова прашање, додека 77 отсто не го одобриле ставот на Русија за ова прашање, пренесува „Прототема“.

Русија, како и Грција, има голема православна заедница и Аја Софија, најголемата црква не само во православието, туку во целиот христијански свет сè до насилното освојување на Цариград (Истанбул) од страна на отоманските Турци, има големо религиозно и културно значење.

Кога станува збор за тоа како да се одговори на постапките на Ердоган, 68 отсто од Грците посочиле дека финансиските санкции ќе бидат соодветни, додека 28 отсто сметаат дека ништо нема да го спречи исламистичкиот лидер.

Во меѓувреме, анкетата покажа дека 40 отсто од Грците се отворени за претворање на куќата на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на модерна Турција,  во Грција во музеј на „Геноцид  врз хеленизмот“. Сепак, 55 отсто не се согласуваат со ваквиот потег.

Грчката влада изрази противење на одземањето на статусот на музеј на Аја Софија на почетокот од овој месец, при што владиниот портпарол Стелиос Петсас рече дека овој потег ќе ги заостри односите меѓу христијаните и Турција.

Папата Франциско, исто така, се изјасни против преобразувањето, велејќи:

„Со мислите сум во Истанбул. Мислам на Санта Софија и чувствувам силна болка“.

Тој исто така му напиша писмо на Ердоган во кое изразува „тага и неверување“ од потегот.

Треба да знаете
Последни објави