Пијани гости се истепале во кафеана во Аеродром

На 19.07.2020 во 19.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на улица Владимир Комаров во Скопје, поради меѓусебно недоразбирање, дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ф.Р.(43), Н.А.(56) и Т.Ј.(54), сите од Скопје, кои биле под дејство на алкохол.

Сочинети се записници за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир.

 

Треба да знаете
Последни објави