На 19.07.2020 околу 18.50 часот во просторија во Полициската станица Кавадарци се случил инцидент, информираше МВР.
-Кога полициски службеник, кој бил работно ангажиран, го одложувал службеното оружје дошло до испукување на еден куршум од автоматска пушка. Куршумот завршил во таванот од просторијата, во која имало уште четири полициски службеници, велат од МВР.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на Полициската станица Кавадарци.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.