Се чини дека за уште еден трансфер период Реал Мадрид нема да може да се ослободи од Герет Бејл. Самиот фудбалер очигледно нема желба да игра, но според неговиот менаџер не сака да го смени клубот.
– Гарет е добро во Реал, а остануваат уште две години на неговиот договор. Тој го сака животот во Мадрид и нема да оди никаде. Тој е сè уште добар како и сите други во тимот. Се зависи од Зинедин Зидан. Секако, има интерес за него, но тешко дека постои клуб во светот што може да си го дозволи. Тоа е голема загуба за тимот што тој во моментот не е во составот, но тој нема да си замине, изјави Џонатан Барнет, агент на играчот, за Би-Би-Си.
Во последниот натпревар од шампионатот, Бејл дури побара од Зидан да не го вклучува во групата.