Претседателот на САД, Доналд Трамп, испрати честитки до американскиот народ по повод Денот на истражувањето на вселената, што во САД се одбележува на 20 јули, и истакна дека земјата влегува во нова ера на освојување на вселената.
-Нашата земја денеска ја одбележува таа важна улога која во историјата и во карактерот на нашата земја ја играат американските вселенски истражувања, соопшти претседаетелот.
Според него, се слават храбрите космонаути и професионалци од вселенската индустрија, како поранешни така и сегашни, и „се обврзуваме во иднина да играме главна улога не само во освојувањето на вселената”.
-Првпат по десет години американски космонаути повторно заминаа во вселената со американски ракети, гордо направени од американски работници. ХSpace е првата приватна компанија која во мисија на НАСА, испрати луѓе во вселената со пилотиран лет.
Трамп ги истакната следните големи проекти во областа на освојувањето на веселната, што се подготвуваат во САД.
Испраќање на човечка мисија на Месечината во 2024 година, во која е планирана и првата жена која ќе стапне на Земјиниот сателит, и предвиденото лансирање на роверот Preservance, што треба да полета кон Марс и да слета во кратерот Езеро, „поплочувајќи го патот за нашите храбри космонаути кој некогаш таму ќе полетаат”.
-Заедно со марсијанскиот хеликоптер Ingenuity, ние за првпат ќе пробаме да извршиме механизиран лет на друг свет, откривајќи ги тајните на Црвената планета, за некогаш таму да го кренем американското знаме, како светилник на слободата и американскиот творечки дух низ цела Галаксија.
„На овој ден одаваме почит за наследството што нашата нација го остави со лидерството во вселената и се поклонуваме и ги почитуваме достигањата на сите оние кои се жртвуваа за успехот на нашата земја во ова поле и за нови достигања и во 21 век”, истакна Трамп во денешното соопштение.