Во Колумбија се регистрирани скоро 7.000 смртни случаи од коронавирус, а повеќе од 200.000 се заразени, соопшти Министерството за здравство. Карантински мерки се уште се во сила во Колумбија со цел да се спречи ширењето на инфекцијата.
Иако има повеќе од 200.000 случаи, земјата е далеку зад другите земји од Латинска Америка, како што се Бразил, Перу, Мексико и Чиле, кои се меѓу десетте држави со најголем број случаи на Ковид-19. Властите предвидуваат дека врв на епидемијата ќе биде достигнат во август, а болниците во неколку градови, вклучително и оние во главниот град, се близу до исполнување на нивниот капацитет.
Строгите мерки за карантин беа објавени на крајот на март и ќе траат до 1 август.