Штип има повеќе заболени со коронавирус отколку Тетово, расте бројот на заразени и во Куманово

Штип во моментов има 324 активни случаи на Ковид 19, па со 33 заразени ви изминативе 24 часа го премина Тетово на листата на градови со најмногу заболени со коронавирус.

Според министерството за дравство, во последните 24 часа се направени 1.636 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи со Ковид-19 од кои во Скопје-52, Куманово-21, Штип-33, Тетово-4 итн.

Сега во Скопје има 1.892 активни случаи, а во Тетово 302. Во Куманово бројот е 247 позитивни во моментов, со тоа што вчера беа регистрирани 21 нов слуќај, а завчера само шест.

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
•       Чаир – 285
•       Аеродром – 193
•       Бутел – 136
•       Гази Баба – 208
•       Центар – 162
•       Карпош – 176
•       Сарај – 116
•       Кисела Вода – 150
•       Ѓорче Петров – 120
•       Студеничани – 109
•       Шуто Оризари – 105
•       Арачиново – 34
•       Илинден – 24
•       Петровец – 21
•       Чучер Сандево – 12
•       Сопиште – 20
•       Зелениково- 12
•       Странец – 7
•       Нераспределен- 2.

Треба да знаете
Последни објави