Општина Аеродром почна со реконструкција и обнова на јавните пешачки патеки и површини низ општината. Улицата „Коста Новаковиќ“ за првпат по повеќе децении ќе добие нови пешачки патеки со површина од 3 500 м2, со павер-елементи во боја и со нови рабници.