Дукоски: На Силјан Мицевски не можете да му земете 720 денари, а не 720.000 евра

Адвокатот Сашко Дукоски, бранител на Бојан Јовановски-Боки 13, на неговиот татко Миле Јовановски, како и на асистентката Христина Блажевска во случајот „Рекет 2“, во своите воведни зборови рече дека тешко ќе му биде на обвинителството да докаже вина во случајот со „Меѓународниот сојуз, oбјави „360степени“.

Дукоски рече дека „Меѓународниот сојуз“ имал легална шема на соработка и со фирмата „Пелистер“ на Силјан Мицевски и со „Дрим билдинг“ на Адриан Амзоски, имало договори, меморандуми за соработка итн. За двајцата бизнисмени обвинителството, пак, тврди дека биле доведени во заблуда и измамени преку проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку Македонската авторска агенција исплатиле речиси еден милион евра, Мицевски сума од 719 905, а Амзоски 233 821 евра.

На Силјан Мицевски вие ќе му претставувате дека Владата стои зад вас, а тој може да ја смени. Обидете се да му земете 720 денари, а не 720 000 евра, да видам, рече адвокатот Дукоски во воведните зборови алудирајќи дека Јовсновски не можел да го изманми бизнисменот.

Додека зборуваше за бизнисменот, адвокатот рече дека два дена пред да ја поднесе кривичната пријава Мицевски во предистражна постапка изјавувал сосема други работи, како тоа дека не се чувствува измамен, верува проектот и оти сака негово остварување.

Треба да знаете
Последни објави