Шампионот на МотоГП, Марк Маркез, бил успешно опериран по падот изминатиот викенд на патеката во Херез. Шпанецот заработи скршеница на раката и мораше да биде подложен на операција.
Како што беше соопштено од неговиот тим, Репсол Хонда, постапката се спровела без поголеми проблеми.
„Фрактурата е санирана, метална плоча е вметната во Марк за да може коската да расте, нема оштетување на нервите”, се наведува во соопштението на тимот.
Наводно, Маркез би можел да се врати на патеката на 9 август, кога ќе се одржи Чешкото Гран при во Брно.
Тој дефинитивно ќе го пропушти следниот викенд, а неговиот тим ќе се натпреварува со само еден возач – неговиот брат Алеиш.