На 19.07.2020 околу 23.55 часот на ул Христијан Тодоровски Карпош, полициски службеници од СВР Скопје го привеле С.Е.(22) од Скопје.
При обид за негово легитимирање, поради тоа што не носел заштитна маска на лицето, најпрво одбил, а потоа агресивно се однесувал кон полициските службеници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.