Експлозии во заложничката драма во Луцк – полицијата преговара со грабнувачот (видео)

Експлозии се слушнаа во украинскиот град Луцк, на местото каде вооружениот напаѓач држи  заложници, соопшти телевизијата „Канал 24″.

-Предмалку се слушнаа три експлозии. Едната од нив беше експлозија, а другите две беа сомнителни тресоци. Војниците што беа до мене кажаа дека станува збор  за звук на граната. Се виде и облак од чад , јави известувачот на телевизијата од местото на настанот.

Според агенцијата УНН, експлозијата се случи околу 15:20 часот по московско време.

„Се знае дека терористот од автобусот фрли неидентификувана експлозивна направа, што потоа експлодира. Никој не е повреден”, пренесе агенцијата.

Човек кој се претставил како Максим Плахој, претходно зеде 20 патници од автобус во украинскиот град Луцк за заложници. Во моментот полицијата преговара со него.

Треба да знаете
Последни објави