Императивот на новата влада да биде евроатлантскиот пат, владеење на правото и економијата

ЗПВРСМ и МО Радмила Шекеринска, МНР Никола Димитров и националниот координатор за евроинтеграции Бојан Маричиќ, денес остварија средба со амбасадорот на Делегацијата на ЕУ во Северна Македонија, Самуел Жбогар и амбасадорката на САД, Кејт Брнз, на која разговараа за резултатите од изборите, закчлучувајќи дека тие беа успешно спроведени и претставуваат голема потврда на европскиот и евроатлантскиот пат.

Соговорниците разговараа за пост-изборниот амбиент и можните политички опции за задржување на евроинтегративниот курс.

Тие се согласија дека императивот на наредната влада треба да биде континуитетот на тој пат, како и посветеноста на владеењето на правото, економскиот развој и понатамошните реформи.

 

Треба да знаете
Последни објави