Андреј Жерновски изјави дека ВМРО-ДПМНЕ се однесуваат како да победиле на овие избори, а тоа треба да не загрижува.
„Јас разбирам дека тоа е реторика поради нивниот конгрес што претстои, каде што треба да се задржи членстовото да не искаже непослушност против лидерот. Зошто во други држави веднаш поднесуваат оставка. Прво, затоа што имате одговорнот за поразот и второ, затоа што секогаш кога вашиот лик ќе се појави понатаму како лидер на опозиција, вие ќе бидете персонификација на пораз“, вели Жерновски.
Според него, одлична вест за СДСМ е ако Мицкоски остане претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но тоа ќе биде лоша вест за државата.
„Пораз на груевизмот треба да се случи во два циклуси, во првото полувреме пораз на ВМРО-ДПМНЕ, а во второто полувреме да си замине Мицкоски“, смета Жерновски.