(Видео) Барале две иполгодишно момче пронашле 23 малтретирани и изгладнети деца

Потрагата по исчезнатото момче Дилан Перез во градот Сан Кристобал во мексиканската држава Чиапас, случајно ги довела полициските истражители во куќата каде што престојувале 23 киднапирани деца, присилени од нивните киднапери да питачат и да продаваат дребулии на градските улици.

АП пренесува дел од изјавата на обвинителот на државата Чиапас дека, при упадот во сомнителна куќа,биле пронајдени деца на возраст меѓу 2 и 15 години и три бебиња.

Државниот обвинител изјави дека децата кои биле принудени да продаваат на улиците на Сан Кристобал биле постојано изложени на физичко и психичко насилство, како и дека биле неухранети и исплашени.

Во полициското соопштение се вели дека на безбедносната камера е снимено како едно девојче на возраст од 13 години, го зема за рака исчезнатиот Дилан Перез и го одведува, додека неговата мајка купувала намирници на локалниот пазар.

На мајката на киднапираниот Дилан, Хуана Перез, и е потврдено дека ниту едно од 23-те најдени деца не е нејзиниот син.

Перез отиде во Мексико Сити за да му се обрати директно на мексиканскиот претседател Андрес Лопез Обрадор и го замоли да и помогне да го најде својот син.

Треба да знаете
Последни објави