На 20.07.2020 во 14.30 часот пријавено е дека во својата работна канцеларија, началникот на СВР Струмица, В.Т., додека го чистел службениот пиштол, од невнимание испукал еден куршум во долниот дел помеѓу паркетот и лајсната.
За време на настанот, тој бил сам во канцеларијата. Нема повредени лица.
Известен е Одделот за внатрешна контрола и професионални стандарди за расчистување на случајот.