(Видео) Товарен авион се запали на аеродром во Шангај

Товарен авион се запали денеска на аеродромот во Шангај, но не се регистрирани жртви.

Противпожарната служба во Шангај соопшти дека 18 противпожарни возила биле испратени до Меѓународниот аеродром Пудонг и пожарот е изгаснат.

Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот, поради што бројни летови биле пренасочени.

Властите наведоа дека персоналот е на безбедно.

Треба да знаете
Последни објави