Богоевски: Заев може да собере 61 пратеник без ДУИ

Јас не би ја исклучил опцијата дека Заев ќе успее да собере 61 пратеник без ДУИ. На нашата сцена не се непознати математиките на прибирање на пратеници од спротивниот табор, преку лобирање и убедување. Јас не би ја бутнал таа врата, изјави порашениот пратеник Павле Богоевски за емисијата „Само вистина“.

Дефинитивно е дека ДУИ има многу добра положба за преговарање. Барањето за првиот премиер Албанец не беше ништо повеќе од преговарачки чип на Ахмети. За денешната изјава на Груби, сметам дека е веќе доцна да се повикува на умереност и конечно воспоставување на владеење на правото. Па од кога се на власт?Зошто досега не го воспоставија правото на владеење“, прашува Богоевски кој рече дека СДСМ се одговорни и покажале и докажале дека имаат капацитет да понедат одговорност за своите политки.

Треба да знаете
Последни објави