Преку пет градови и три земји, коскена срцевина за пресадување стигна во Скопје кај 16 годишна пациентка болна од леукемија

На 16-годишна пациентка на Универзитетската Клиника за хематологија во Скопје ѝ е извршена трансплантација на матични клетки од несроден донор, а материјалот за пресадување во земјава стигна преку патешествие низ пет градови во Полска и Германија. Директорката на Клиниката проф. д-р Ирина Пановска-Ставридис вели дека во овие вонредно тешки времиња на пандемија од ковид-19, за нив како професионалци  е огромен предизвик да овозможат непречено одвивање на овие интервенции, иако се  исклучително отежнати комуникацијата, соработката и транспортот на органот, односно матични клетки од периферна крв или свежа коскена срцевина, објави Сакамдакажам.

На Клиниката за хематологија изминативе две години 16 болни се лекуваа со трансплантација на матични клетки од несроден донор. Директорката Пановска-Ставридис кажува дека за последната трансплантација на 16-годишната Л. Н., која живее во Приштина, Косово, беа користени повеќе превозни средства и два курири за транспорт на релацијата Познањ-Краков-Минхен-Берлин-Скопје-Клиника за хематологија.

„Куририте кои работат во компаниите за транспорт на ваков материјал се луѓе со висок професионализам и работата ја извршуваат и од хумани мотиви. Последниот транспорт го изврши курир чиј мотив за таа работа е лично искуство со заболен најдобар пријател од акутна леукемија кој се лекувал со трансплантација од несроден донор, но за жал не ја добил битката со тешкото заболување. Тој беше возбуден што органот кој го донесе после долг пат од 48 часа и три откажани авионски линии заради пандемијата ќе го добие млада 16-годишна пациентка“, вели д-р Пановска-Ставридис…

Целиот текст прочитајте го тука

 

Треба да знаете
Последни објави