Американецот Сал Парадизо имал 317 килограми кога решил да ослаби и да се грижи за своето здравје.
Кога лекарите го предупредиле дека дебелината може да го убие до 40-годишна возраст, Сал целосно ја променил својата исхрана, која дотогаш се состоела од дури 10.000 калории на ден. Со промена на исхраната и со вежбање Сал успеал да ослаби 127 килограми, а потоа се подложил на баријатриска операција и изгубил уште 88 килограми.
Денес има 102 килограми. „Кога бев најдебел, седев дома цел ден и не можев да правам никаква физичка активност. Почнав да чувствувам здравствени проблеми. Бев затвореник во сопственото тело“, се сеќава Сал, пишува „Метро“.
„Знаев дека ако сакам да ги доживеам моите 40-ти години, морам целосно да го сменам начинот на живеење. Мојата диета беше ужасна. Јадев хамбургери и помфрит со газирани сокови за секој оброк. Сфатив дека јадев 8.000 калории само за ручек“, вели тој.
Прескокнував појадок, но ручеците ми беа секогаш огромни. Јадев брза храна, хамбургери, чизбургер, тестенини, стекови, пилешко… И за вечера јадев нешто слично. Знаев дека јадам многу, но го игнорирав тоа“, признава тој.
„Од внесувањето речиси 8.000 или 10.000 калории на ден, се префрлив на 1.200 и 1.500 на ден. Тоа беше храна со малку јаглехидрати, без протеини и без леб. Првите неколку недели беа многу тешки бидејќи тоа беше целосна промена на животниот стил, но бев посветен на тоа“, опиша тој.
Тој го видел спасот во операција, но знаел дека треба да изгуби многу килограми за да може таа да се изврши.
„Бев уморен од животот, но сега имам втора шанса и немам намера да ја потрошам. Јас изгубив многу години поради дебелината и немам намера да ги губам повеќе“, заклучи тој.
Во 2018 година Сал учествуваше во емисијата Skin Tight пред чии камери тој беше подложен на операција за отстранување на вишокот кожа. Со операцијата му беа отстранети 16 килограми кожа.
„Повторно го живеам својот живот и тоа е неверојатно“, рече Сал.