Во пријателски натпревар на подготовките за новата фудбалска сезона на Кипар екипата на АЕК Ларнака ја совлада Докса (2:0). На овој тест-меч настапија дури пет македонски интернационалци. Во редовите на АЕК Ларнака се појавија: Даниел Мојсов, Стефан Спировски и Иван Тричковски, а дресот на Докса шанса добија: Дамјан Шишковски и Душко Трајчевски.
Новото засилување на АЕК Ларнака, Спировски со вистинска „бомба“ од 30 метри ја затресе мрежата на Шишковски кој овој месец беше промовиран како нов голман на клубот.