Играчот од средниот ред на Реал, хрватскиот фудбалски интернационалец Лука Модриќ го пофали капитенот на тимот, Серхио Рамос.
– Рамос беше импресивен оваа сезона со 13 гола. Слободниот удар против Мајорка беше ремек-дело. Мојот брат Серхио е феномен. И ова не го велам затоа што во текот на осум години развивме посебен однос, сме пријатели на семејството, заедно ги поминуваме празниците или затоа што заедно постигнавме голем успех во фудбалот.
Рамос е 34 години и е конкурентен на највисоко ниво. Кога ќе видите како тој работи на себе, станува очигледно колку е посветен на својата работа, колку е гладен за успех.
Тој е лидер на тимот и најдобар дефанзивец во светот. Неговата кариера кажува сè за неговото ниво, рече Модриќ.