Двата македонски ракометни претставника Металург и Бутел во првото квалифиакциско коло за пласман во новото натпреаврување Лига Европа се најдоа во првиот „барабан“ од Зона 1 за ждрепката која ЕХФ ќе ја направи на 28 јули во Виена (11 ч.). Во оваа група со македонските претставници се најдоа тимовите на СКА Минск, Потаиса Турда и Виктор Ставропол од Русија, кои неможат да им бида противници во првата елиминаторна рунда.
Како можни ривали на македонските тимови се само пет тима и тоа хрватските Спачва Винковци и Горица, романската Констанца, руската ЦСКА Москва и унгарскиот Ѓенѓеш.
ЕХФ поради многуте рестрикции и затворени граници, одлучи да ги подели 30. екипи во три зони со по десет тима, а потоа тие десет екипи ги подели во два шешири.