Последните турски активности по издадената навигациска информацина (Navtex) беа главната тема за која разговараше грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на одвоените средби со лидерите на СИРИЗА и Движење на промена, Алексис Ципрас и Фофи Генимата, јави дописничката на МИА од Атина.
Мицотакис денеска ги информира лидерите на петте политичките партии од Парламентот за последните случувања во односите со Турција, како за резултатите од Европкиот совет и договорот постигнат во Брисел, а од Ципрас и Генимата побарал да ги чуе и нивните предлози.
Од кабинетот на грчкиот премиер соопштија дека Мицотакис се стреми кон плоден дијалог и разбирање меѓу политичките сили, а токму таква била климата на средбите, и покрај разликите што постојат.
Ципрас побара да се спречат активонстите во рамките на грчкиот континентален гребен и да се свика вонреден самит на ЕУ за санкции за Турција, а Генимата побара Атина да не остане без одговор за турските активности.
Лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас, по средбата со Мицотакис, рече дека за „ескалацијата на турската агресивност” од изминатите осум месеци, земјата мора да има национална стратегија, изрази надеж дека Турција нема да го реализира планот за сеизмички истражувања со бродот „ Οruc Reis”, а во спротивно, Грција мора да го спречи тоа.
-Пораката што му ја пренесов на господинот Мицотакис беше јасна: мора да го спречи „Οruc Reis” во случај да се обиде да дејствува во рамките на грчкиот континентален гребен. Како што впрочем успешно го сторија тоа земјата и вооружните сили во 2018, рече Ципрас по средбата со Мицотакис.
Додаде дека разговарале и за ставот на Европа, истакнувајќи дека и Европа е должна да преземе одговорост, бидејќи разликите, во голема мера се европско – турски, бдејќи „се прекршуваат прават на Европа, кога се прекршуваат суверените права на Грција”.
-Дколку има ескалација, а не деескалација во следниот период, побарав од господинот Мицотакис, му препорачав, да побара вонреден Самит на ЕУ за да се разговара за санкции за Турција, додаде лидерот на СИРИЗА.
Претседателката на партијата Движење на промена, Фофи Генимата откако разговараше со Мицотакис, истакна дека Грција мора да одговори и да ги спречи турските активности.
-Турската агресија опасно кулминира, провоцирајќи ги Грција и Европа. Грците, обединети, должни сме со трезвеност, самодоверба и решителност да се спротивставиме. Ниту една уцена под изговор на неприфатливите барања на Турција не треба да остане без одговор. Грција може и мора да го спречи тоа, рече Генимата.
Мицотакис попладнево продолжува со средбите со останатите лидери на политичките партии.