Несторовски ја затресе мрежата на Шчезни, Јувентус загуби на гостувањето во Удине (ВИДЕО)

Вечерва на „Дачиа Арена“ Удинесе и Јувентус го одиграа натпреварот од 35. коло во италијанската Серија А.

Нашиот репрезентативец Илија Несторовски беше стрелец за израмнување (1:1), а натпреварот на крајот го доби домашната екипа со победнички гол во 92. минута.

Ова за Јувентус беше важен натпревар, бидејќи доколку славеше победа ќе ја осигураше деветата шампионска титула по ред во Серија А.

Нашиот Нестор-гол и Удинесе им ги расипаа плановите на Јуве, па Старата дама ќе мора во следното коло да се обиде да ја освои титулата.

Ова за Несторовски беше трет погодок оваа сезона, откако претходно ја затресе мрежата на Рома и Сампдорија.

https://twitter.com/i/status/1286364335535804417

https://twitter.com/i/status/1286370816280670215

Треба да знаете
Последни објави