Јовановиќ: Без Мицкоски, Левица ќе имаше 8.000 гласови

Откако новиот парламентарец, лидерот на Левица Димитар Апасиев на својот Фејбук профил упати порака кон поранешните сопартијци,  се огласи и поранешниот член на партијата, универзитетскиот професор, Бранимир Јовановиќ.

,,ЛЕВИЦА со Апасиев + Здравко, Бранимир, Дексо, Мариглен, Џонс = 12.000 гласа, ЛЕВИЦА со Апасиев + Хактан, Јована, Сенада, Бранко, Борис, Гораст = 38.000 гласа (без украдените). И уше па „совети“ ти даваат, овие левичарскиве загубари од Институтот на Козлова!?
Важи бе. Ојте таму на некое семинарче. На дообука. За тоа како се прави масовна Партија, а не секта”- напиша Апасиев на што Јовановиќ му врати со зборовите:

„Заборавил да го пише Мицко. Без него ќе имаа 8.000“.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10157468592297078&set=a.10152070647622078&type=3&eid=ARD9s0ZjppuIOnC91Jz0Q1h6CyHArRXXmZE-PvYMXknqeNq2SDKAwob6UZTlM7yaepBAFles2cTpV9tG

 

Треба да знаете
Последни објави