Организацискиот секретар на ДУИ Артан Губи во интервју за албански „Шчип“ со конкретна порака до СДСМ, но и ВМРО-ДПМНЕ, како и до партиите на Албанците, пренесува тв24.
Груби вели дека достигнувањата во коалицијата со СДСМ, кој аја напарвиле иако СДСМ ги изгубиле изборите за Албанците се големи. Порачува дека со СДСМ имаат секојдневни контакти кои очекува да се засилат со формирање на институции.
„Ние сè уште сме колеги во владата и нашите контакти се секојдневни како две главни партии во земјата. Чекаме да заврши крајот на жалбениот процес и да ги продолжиме и засилиме контактите за воспоставување на институциите кои излегоа од изборите на 15 јули во соработка и одговорен дух.“, вели Груби во интервјуто.
Груби е дециден дека договорите со Грција и Бугарија но и Охридскиот се црвени линии за неговата партија и Ахмети. Од нив вели нема враќање назад по ниедна цена и по н ниедни околности, макар и по цена на опозиција. Токму затоа вели Груби, ДУИ нема да биде дел од „алтернативно мнозинство, во кое ќе ја има и „Левица“ „Дел од некое евентуално алтернативно мнозинство би била партијата „Левица“ и ова е неприфатливо за нас и не доаѓа во предвид соработка со овој деструктивен и регресивен ентитет. Нема да дозволиме да се вратиме назад, без оглед на тоа дали сме во позиција или во опозиција. Нашиот пат кон еднаквост и интеграција во НАТО и во ЕУ не смее да биде загрозен од никого и тоа нема да го дозволиме.“, изјави Груби.
Тој во интервјуто тврди дека од сите партии на албанците, освен од Алијанса за Албанците, добиле декларативна поддршка за нивните како што вели „национални стремежи“ и им порачува на партиите дека не очекува од нив „нож во грб“ , бидејќи потребно е обединување на Албанците.