Шефицата на кабинетот на Борисов позитивна на коронавирус

Шефицата на кабинетот на премиерот на Бугарија Бојко Борисов, Деница Желева, е заразена со коронавирус, а Борисов е во карантин, пренесуваат бугарските медиуми.

Желева била тестирана откако се вратила од Брисел на почетокот на оваа недела каде што била дел од делегацијата која учествувала на преговорите за европскиот буџет.

Борисов и останатите членови на владината делегација кои биле во Брисел се во карантин.

Бугарскиот премиер денеска бил тестиран и ако тестот е негативен тој нема да мора да седи во карантин.

Треба да знаете
Последни објави