Сепак, големото клиничко испитување спроведено на универзитетот Оксфорд во јуни покажа дека хидроксихлорокинот не е ефикасен, по што Светската здравствена организација спроведе свое истражување за овој лек. Тимот на научници кои спроведоа истражување во Бразил дојдоа до истите резултати. Студијата опфати пациенти заразени со коронавирус со благи до умерени симптоми на болеста од 55 болници во оваа земја, вкупно 667 од нив, а студијата покажала дека лекот не е ефикасен во лекувањето на Ковид-19 и може да има штетни несакани ефекти.
Истражувањето е објавено во научното списание New England Journal of Medicine.
Авторите на студијата забележале дека таа има одредени ограничувања и дека испитувањето не може дефинитивно да исклучи ниту значителна корист од испитуваниот лек ниту значителна штета.