Во Полициската станица Кочани вчера околу 3 часот било пријавено дека во продавница на ул.„Славчо Стојменов” во Кочани, сопственост на Д.И.(64) од Кочани, неколку лица извршиле разбојништво.
Според пријавеното, сторителите влегле со употреба на сила и кога го забележале сопственикот Д.И. физички го нападнале, по што одзеле пари и побегнале. Д.И. се здобил со повреди и бил пренесен во Медицински центар Кочани, каде му била укажана лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.