Скопје пак се доближува до 2.000 активни случаи на Ковид 19, откако во изминатото деноноќие се регистрирани нови 60 заболени во главниот град од 137 новозаразени со коронавирус во земјава.
Според министерството за здравство, во Скопје има 1.920 активни случаи, а бројот на активни случаи по општини изгледа вака: Чаир- 269, Аеродром- 213, Гази Баба-197, Кисела Вода-178, Карпош- 171, Центар-157, Бутел- 141, Ѓорче Петров- 129, Шуто Оризари- 120, Сарај- 111, и.т.н.
Штип е втор на листата според активни случаи- 372, каде во изминативе 24 часа имаше 16 нови заболени, па Тетово со 284 и седум нови, како и Куманово со активни 269 заболени и 13 новозаразени.