Државната изборна комисија Ве информира дека денеска на 25 јули 2020 година, беше одржана свечена седница во која беа поделени уверенијата за избраните пратеници, согласно резултатите од Предвремените избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, 2020 година.
На самата свечена седница, беа подигнати уверенијата на избраните пратеници од Коалицијата „Можеме” , ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија”, како и Демократската Унија за Интеграција –ДУИ.
По завршување на свечената седница, во просториите на Државната изборна комисија, уверенијата за избраните пратеници на Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива, беа подигнати од страна на нивниот овластен претставник.
Уверенијата за избраните пратеници на политичката партија Левица и уверението за избран пратеник на Демократската партија на албанците – ДПА, сè уште не се врачени. Истите ќе се врачат во понеделник кога или избраните пратеници или овластени лица од страна на наведените политички партии ќе ги подигнат од Државната изборна комисија.