Четири лица загинаа денеска кога малиот авион со кој патувале се урнал во швајцарските Алпи, соопшти полицијата.
Во авионот имало двајца Швајцарци, на возраст од 50 и 66 години, и двајца Австријци (46 и 50 години).
Напладне локалната полиција добила повик од сведок, кој изјавил дека авион се урнал во областа на Глетшерспице, врв поголем од 3.000 метри во кантонот Вале, на југот на земјата, се вели во соопштението.
Пожарникарите и медицинската помош биле испратени до местото на несреќата со хеликоптер, но само ја констатирале смртта на луѓето во авионот.
Во тек е истрага за причините за несреќата.