Штипјанец со висок степен изгореници на градите и стомакот е хоспитализиран во штипската Клиничка болница, по пожарот во неговиот стан во центарот на Штип.
Пред половина час возило нa Итната медицинска помош го транспортирала во болницата.
Директорот на Клиничка болница-Штип, Ален Ѓеорѓијев вели дека лекарите му ја пружиле медицинската помош, а поради високиот степен на изгореници ќе биде испратен на Клиниките во Скопје.
Штипјанецот, кој во моментов не се знае на која возраст е, настрада во пожар во неговиот стан, кој се случил пред еден час.
Командирот на ТППЕ-Штип, Тони Атанасов вели дека во гаснењето на пожарот се вклучиле шестмина пожарникари со две возила. Успеале да го извлечат од неговиот стан, а не дозволиле огнените јазици да се прошират на останатите станови во станбената зграда. Причините за пожарот се уште не се знаат, но се очекува од страна на полицијата да биде извршен увид.