Пратениците од коалицијата на Алијансата за Албанците и Алтернатива денеска во Државната изборна комисија не ги подигнаа уверенијата за нови пратеници, бидејќи наместо во ДИК биле на заеднички ручек во Струга.
Сепак, по завршување на свечената седница, во просториите на ДИК ууверенијата за избраните пратеници на Коалицијата Алијанса за албанците и Алтернатива, беа подигнати од страна на нивниот овластен претставник.
–Работна средба во Струга со парламентарната група на коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива, се пофали на Фејсбук лидерот на Алијансата Зијадин Села.
Од фотографијата може да се забележи дека новите пратеници на работната средба не носат заштитни маски.
https://www.facebook.com/ZiadinS/posts/1985320411598755