СДСМ и Заев ќе одговараат за целиот рекет што го спроведоа во Република Македонија

Владата на СДСМ предводена од Заев ќе остане запаметена по случајот „Рекет“. Повеќе од јасно е дека милионската сума од целиот овој случај завршила кај Зоран и Вице Заеви, се вели во соопштението кое го лиферуваше опозициската ВМРО ДПМНЕ.

-Но, не само Заеви во овој случај вмешаност и Александар Кирацовски, Мила Царовска и уште многу други функционери на СДСМ. Ова беше потврдено и од страна на Боки 13 кој е само извршител во овој случај.

Царовска била дел од шемата за перење на парите преку Меѓународен сојуз која како министерска за труд и социјална политика му помагала на Бојан Јовановски. Кирацовски пак посредувал со бизнисмен кој што понатаму е рекетиран.

За сето ова функционерите на СДСМ не ги негираа ваквите искази и тоа потврдува дека целата операција била овозможена и спроведена од нив.

Македонија со Заев и СДСМ само тоне.Криминалот, корупцијата и рекетот мора да станат минато, а одговорност мора да има.Граѓаните заслужуваат подобро.

 

Треба да знаете
Последни објави