Францускиот премиер сака да избегне повторно воведување на општи мерки на изолација

Францускиот премиер Жан Кастекс сака „пред сè” да избегне повторно воведување на општо ограничување на движење” поради епидемијата на коронавирусот, бидејќи таквата мерка би била „катастрофална” на економски и социјални планови, јави дописникот на МИА.

-Она што пред сè мора да се избегне е општата изолација, мерка која би била катастрофална на економско и социјално ниво, изјави премиерот Жан Кастекс за весникот „Ница Матин”, а во однос на  епидемијата на Ковид-19.

-Сега знаеме што тоа носи: таквата мерка ја нарушува прогресијата на епидемијата, секако, но на економско и социјално ниво, тоа е катастрофално, вклучително и за психолошкото здравје на некои наши сограѓани, инсистира новиот француски премиер, кој пред да ја преземе оваа функција беше задолжен за подготвката за излегување од мерките на изолација.

-Приоритет е сè уште превенцијата, вели Жан Кастекс, негирајќи дека овој термин за повторна изолација е „табу-збор” и обидувајќи се да делува смирувачки за ширењето на вирусот.

-Дури и ако бројот на случаи е повторно во пораст, позитивните тестови остануваат во ниски просеци во споредба со земјите околу нас. И хоспитализациите остануваат на контролирано ниво, инстакна тој во ова интервјуто за Ница Матин.

Ако мора да се изврши повторна изолација, тоа „може да биде многу локализирано, додава Кастекс, според кој мерките ќе бидат „прилагодени”.

-Во борбата против оваа пандемијата, има едноставни работи што треба да се прават и да не се прават, наречени бариерални гестови (држење растојание), сè до денот кога ќе се најде вакцината, заклучува Францускиот премиер.

Треба да знаете
Последни објави