Вакцинирани над 2.000 деца во бегалскиот камп Мориа на грчкиот остров Лезбос

Над 2.000 деца бегалци сместени во прифатниот центар Мориа на грчкиот остров Лезбос, беа вакцинирани за мали сипаници, заушки и рубеола, со што заврши првата фаза од програмата на Националната организација за јавно здравје на Грција за вакцинирање на деца сместени во бегалските кампови во земјата.

Масовното вакцинирање од денеска продолжува во прифатните центри во Атика и северна Грција, а потоа ќе следи и во бегалските кампови на островите Самос и Лерос.

Во рамките на програмата ќе бидат вакцинираат над 7.000 деца бегалци.

Треба да знаете
Последни објави