Се преврте автобус во Турција, загинаа војници

Пет турски војници загинаа, а 10 се хоспитализирани откако автобусот во кој се наоѓале се превртел во провинцијата Мерсин на југот на Турција.

Покрај нив, загина и возачот на автобусот, пренесува „Ројтерс“.

Повредените војници имаат сериозни повреди и се пренесени во болница.

Засега е непознато што го предизвикало инцидентот.

Треба да знаете
Последни објави